(ВИДЕО) Вујиќ: Во „Фабрика за афери“ нема криминал, не постојат испечатени лични карти

Од:

Личните карти за кои се зборува во случајот „Фабрика за афери“ не се испечатени, во компјутерите на Чаушот се пронајдени единствено припреми, што не значи дека тие биле испечатени, рече по завршувањето на судењето адвокатот Мирослав Вујиќ.

Според него, личните карти кои ги објавуваше новинарот Љубиша Арсиќ, не се оние кои се пронајдени во фајловите од компјутерите на Чаушот. Вујиќ исто така кажа дека не постоеле никакви снимени материјали.

– На 17.12.2015 година за претрес на станот на обвинетите, со наредбата која е за дрога, а се пронаоѓаат документи и се што е предмет на аферата. На прашањето дали одземањето и отварањето на компјутерите беше со цел да се пронајде дргоа, обвинителството изреагира нервозно, целиот театар добива своја димензија, вели Вујиќ.

Тој нагласи дека во домот на Чаушот воопшто немало услови да се испечатат лични карти и патни исправи, со што нема криминал.

Утрово на судењето се појавија и четворица сведоци чии идентитети наводно биле украдени и искористени во „Фабриката за афери“.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Курц одговараше пред Австрискиот парламент околу аферата „Ибица“

Жарко Настоски

Leave a Comment

five × four =