(ВИДЕО) Вајц: Не знам дали С. Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Од:

„Не знам дали С. Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените од Преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија“ изјави во интервју за БГНЕС известувачот на ЕП за С. Македонија, Томас Вајц.

На прашањето дали мисли дека сегашната влада на С. Македонија навистина сака да ги спроведе измените што се бараат со Преговарачката рамка за да стане членка на ЕУ тој рече „Не знам. Она што знам е дека огромното мнозинство во ЕП сака да ја поддржи С. Македонија и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој. И јас се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и С. Македонија“.

На прашање дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговори дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.

„Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судскиот систем, медиумите… И токму тоа го направив во овој документ“, рече Вајц.

За дилемата дали ЕП и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и идентитетот, Вајц одговори индиректно:

„Овој документ е за состојбата на процесот на пристапување. Да, дел од овие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучување на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, освен тоа, како што веќе реков, се поставува прашање на државата за владеење на правото – ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања мора да се решаваат меѓу самите страни“.

Кога бугарскиот новинар го праша дали беше под влијание на македонскиот премиер Мицкоски или други европски лидери, Вајц одговори категорично „не“.

Би можело да ве интересира

Вајц: Усвоен е првиот извештај за напредок на Македонија во ЕП

Горан Наумовски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски