ВИДЕО: Сопругата на Тошта очекува условна казна за својот сопруг

Од:

Условна казна за Александар Јаневски-Тошта очекува неговата сопруга Тања, непосредно пред тој да биде пуштен од затворот во Шуто Оризари.

„Не верувам дека ќе биде ослободен“, вели таа. Раскажа дека изминатите 7 месеци им биле игнорирани нивните барања со кои го известуваат судот за здравствената состојба на Тошта.

„Не очекувам дека обвинителството ќе го повлече обвинението. Да сакаа тоа ќе го направеа на минатото рочиште“, вели Јаневска.

Таа раскажа дека нејзиниот сопруг бил пренесен во затворот во Шуто Оризари со брза помош, а лекарите од градската болница не им објасниле дали и каква интервенција била направена врз Тошта.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на барање на Обвинителството, одлучи мерката притвор, поради здравствената состојба и фазата во која се наоѓа постапката, да му биде укината и Јаневски да биде во куќен притвор.

Тошта е обвинет за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за крвавиот четврток заедно со уште 6 лица. За двајца, Обвинителството одлучи да ги гони кривично за насилство, наместо за обид за убиство.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Тошта излезе од притвор

Наум Локоски