ВИДЕО: Скопје се збогува со Балашевиќ

Од:

Вечерва последно збогум му испратија и стотици македонски граѓани од пред платото на Универзалната сала во Скопје, каде запалија свеќа во спомен на српскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ кој почина вчера на 67-годишна возраст.

На настанот насловен „Скопје за Балашевиќ“ на голем видео бим се редеа фотографии од Балашевиќ, додека во исто време во позадина се слушаа неговите најголеми хитови.

Присутните обожаватели на „панонскиот морнар“ од сите генерации оставаа цвеќе, играчки и палеа свеќи, споделувајќи спомени за Балашевиќ.

Настанот пред Универзалната сала е организиран од Град Скопје.

Вчера, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека со Балашевиќ се договарале да ја отвори Универзалната сала, која во моментов се реновира.

– Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А договаравме да ја отвориш Универзална…, наведува Шилегов во објавата.

Слични настани се одржаа низ повеќе балкански градови како Нови Сад, Белград, Загреб, Сараево, на кои поддржувачите на ликот и делото на Балашевиќ му оддадоа последна почит.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријави сопругот за семејно насилство

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

Ана Ололовска

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ

Во Тузла инспекција ја тргна плочката со името на Балашевиќ од мост, граѓаните ја вратија

Жарко Настоски

„Има да се усвои“: жителите на Тузла самите именуваа мост по Ѓорѓе Балашевиќ

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Погребан Балашевиќ: Панонскиот морнар испратен со омилената песна

Ана Ололовска