(ВИДЕО) Ристиќ отиде по одговори во СОНК, но не го најде Јаким Неделков

Од:

Актерката Ирена Ристиќ отиде но не го најде претседателот на СОНК Јаким Неделков во неговата канцеларија да и објасни зошто е неподобна да биде претседател на синдикатот на Драмски театар и зошто дал насоки да биде сменета кратко време по нејзиниот избор.

-За жал Јаким Неделков не е на своето работно емсто, изгледа има некоја побитна работа. Јас веќе го објавив барањето и го доставив, но на тоа барање само добив потпис, не добив печат зашто тој седел кај господинот Јаким Неделков. Се надевам дека ова е валиден документ кој што еден ден ќе биде употребен за правдата и за вистината. Ако ве интересира зашто го правам ова, го правам за да докажам дека ова е само уште едно делче во агоничниот мозаик кој го живееме години наназад и има еден куп нејасностии. Беа јавно прочитани обвиненија против мене, но никој не ги елаборираше, никој не достави никакви докази. Ова оспорување на мојот избор не е базирано врз основа на тоа што процедуварално не сме го воделе изборот, односно гласањето, туку поради мојата наводна неподобност базирана на четири приговори кои не ми се доставени, а кои јас јавно ги побарав пред целиот колектив.

-Јас сум била неподобна, според муабетите што ги слушнав е поради тоа што мојата цел со тоа што ќе станам претседател на СОНК на Драмски била да го повлечам членството во независниот синдикат на култура што е тотална небулоза. Јас на госпоѓата од сонк која беше присутна во драмски ја потсетив како одат тие работи-треба прво да земам исписница од СОНК за да можам да влезам во друг синдикат, а апсолутно го немам сторено тоа и немам намера да го напуштам СОНК, рече Ристиќ.

Ристиќ од Јаким Неделков во барањето до него прашува:

-Согласно моето активно членство во СОНК и фактот дека никогаш досега немало на дневен ред на СОНК и на синдикалната организација точка за мое исклучување, поради непочитување на одлуките на СОНК и Статутот, Ве молам за писмена достава на – Записник од седницата на која бев едногласно избрана за нов претседател на синдикатот на Драмски (27 присутни активни членови), како и од онаа на која се решаваше за поништување на истиот избор за претседател на СОНК при Драмски театар.

Исто така и примерок од писмената одлука на СОНК, со правно образложение за поништувањето, точните забелешки за кршење на Статутот (согласно член 16, став 2 од Статутот, наведени како причина), како и правна поука за моето право на жалба по однос на новодонесената одлука за ново заседание и избор на нов Претседател.

Во исто време, имајќи предвид дека не се приложени никакви докази за кршење на Статутот од моја страна, напротив не може да се избегне впечатокот дека се верувало само на збор на четворицата членови кои поднеле приговор, Ве молам за достава на материјални докази и четирите приговори, секако, врз кои се потпрел СОНК при поништување на изборот, на кој едногласно, нагласувам – едногласно, и без никакви притисоци од моја страна, бев избрана за Претседател за горенаведениот синдикат, вели Ристиќ.

Би можело да ве интересира

Ирена Ристиќ ќе оди да бара аргументи од Јаким Неделков

Емир Латифовиќ