„Распеани скопјани“ викендов го поздравија владиката Петар со една комична класика од Монти Пајтон за апсурдноста на црковните верувања во однос на сексот, репродукцијата и планирањето на семејството.
Потчинетоста на жената во семејството очигледно не е само заложба на владиката Петар, туку и реалност која, наместо да ја исправаме, во 2013 година само ја шириме и зацврстуваме. Да живеат слободните жени, да живее еднаквоста – велат Распеани скопјани.