(ВИДЕО) Ранко Бубамара: Контра вицовите се неуспешна мисија

Од:

Некој што сака да направи нешто од контра или за инает, тоа не може да го постигне во уметноста. Ако некој сака да направи виц, а да е контра виц, тоа е неуспешна мисија, вели Ранко Петровиќ, автор и режисер на Златна бубамара во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Mоже ли да направите ретроспектива во однос на хуморот и општеството преку растот и развојот на Бубамара, ако може да се каже од новороденче до адолесценција? Ова годинава ќе биде 19 издание на Златна бубамара.

Сметам дека за овие 19 години оставиме некаков историски документ на сатиричен забавен начин како се развивало нашето општество, а со тоа и нашата манифестација. Колку повеќе беше урнебесно и сатирично општественото живеење кај политичките личности, толку ние таа општествена трагедија ја опишувавме на нашата Златна бубамара, така што сметам дека еве веќе како 19 години сме доволно зрели за да можеме да тргнеме во војска, што се вели.

Измина една бомбастична година. Каква бубамара ќе има годинава?

Минатата година помина во знакот на големото радио шоу – Вашиот министер звучи познато, тука сите се трудеа да освојат што повеќе поени, и едните и другите нели, пред се публиката беше задоволна од тоа што го слуша и сметам дека актерите одлично си ја изработиле својата работа.

Покрај толку многу контра акции и контра протести, очекувате ли годинава контра Бубамара?

Оваа наша работа е малку потешка, бидејќи тука ние се даваме со душа и со тело и го правиме тоа со голема љубов. Некој што сака да направи нешто од контра или за инает, тоа не може да го постигне во уметноста, а посебно не може да се доближи кај здраворазумната публика што ја имаме ние на Златна бубамара, така што ако некој сака виц да направи, а да е контра виц, тоа е неуспешна мисија.

Би можело да ве интересира

Инспекции во градинката „Бубамара“ во Ново Лисиче, родител се пожалил на дрско однесување од негователките

ВИДЕО: Сашко Коцев на Златна Бубамара за прислушкувањето

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Даниел Кајмакоски на „Златна Бубамара 2014“

Ана Ололовска

Награди Златна Буба Мара

Ана Ололовска

ВИДЕО: Субрата Рој главна ѕвезда на Златна бубамара

Емир Латифовиќ