(ВИДЕО) Пожарот кај Блаце доведе до прекин на сообраќајот кон Граничниот премин

Од:

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника

А1он

Aнгелов: Сигурен сум дека ќе го локализираме пожарот кај Блаце, но не и дека ќе го изгасиме