(ВИДЕО) По пресудата, актерката Стојановска ќе бара обештетување од државата за нарушен углед

Од:

Димитар Савовски, адвокат на актерката Силвија Стојановска која беше обвинета за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија, Шпанија, за што беше ослободена, најави дека по правосилноста на пресудата ќе бараат оштета од државата за нарушен углед. Савовски посочи дека правдата е апсолутно задоволена.

„Апсолутно има право на надомест поради нарушен углед, за изгубена добивка и што не, но за жал, нашата извршна власт, Министерството за правда, не е спремно да се спогодува по овие прашања. Не само по овој предмет, туку искуството тоа го говори. Повторно ќе треба да се судиме две години со државата, да се утврди штетата, која е, колкава е. Апсолутно ќе бараме“, рече адвокатот Савовски.

Тој објасни дека Обвинителството не докажало вина.

„Се случи решение од Апелација со кое беше укината првостепената пресуда во делот за Силвија Стојановска. Постапувајќи по насоките на второстепениот суд, не можеше да се очекува нешто поинаку освен ослободителна пресуда затоа што и во повторената постапка се изведоа истите докази, други не се предложија, а од доказите на Обвинителство не произлезе дека Стојановска е виновна за она што беше товарена“, кажа адвокатот.

Според него, Стојановска била обвинета само поради тоа што, била во брачна врска со првообвинетиот Воислав Будисављевиќ кој е осуден на седум години затвор.

„Ставот 3 вели дека се организирана група и таа е член на организирана група. Од изведените докази не произлезе дека воопшто Силвија Стојановска била член на таква меѓународна организација/група која се занимава со трговија на дрога. Несреќата е брачниот бивши брачен другар, единствен аргумент на обвинителот беше нејзината брачна врска со осудениот и со неговиот брат. И цело време се темелеше обвинението на таа брачна врска како да морала да знае што работи бившиот сопруг и братот негов. Правдата е апсолутно задоволено. Сите жалбени наводи, мои, ги уважи Апелација, илузорно и апсурдно беше да се очекува повторно да ја осудат, па повторно да одиме на Апелација по жалба“, додаде адвокатот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Актерката Силвија Стојановска ослободена за транспортот на дрога од Колумбија

Кристијан Ландов

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,6 години затвор, партнерот Будисавјевиќ доби 7 години

Ана Ололовска

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска

Ана Ололовска

Актерката Стојановска и Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за трговијата со кокаин

Кристијан Ландов

Почнува судењето за Силвија Стојановска и Будисављевиќ, обвинети за трговија со кокаин

Oбвинителен акт за актерката Стојановска и Будисављевиќ, се гонат за купување, пренесување и продавање на дрога

Кристијан Ландов