(ВИДЕО) Петрушевски: Пожарите не се палат сами, излегуваат снимки од кои се гледа како ги палат, а СДС со злорадост ликува

Од:

Секојдневно сме сведоци на потпалување на пожари ширум Македонија. Повеќе од очигледно е дека пожарите не се палат сами, т.е. како резултат на превисоките температури, туку се работи за човечки фактор, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во текот на вчерашниот ден излезе снимка од која се гледа како човек потпалува пожар во Делчево, а потоа бега од местото. Претходно посочивме за најдени дрва потопени во бензин, гума и ракавици на повеќе локации. Дополнително, секојдневно сведочиме на нови фатени, или приведени лица, голем дел од кои водат до опозицијата лично.

Оттука, ги повикуваме институциите уште пожестоко да постапат кон сите кои подметнуваат пожари. Дека станува збор за сценарио говори и фактот што СДС со денови со чудна злорадост ликува на пожарите, иако институциите реагираа како никогаш до сега. А, сето тоа поради дополнителната опрема и високата мотивираност.

Планот на СДС за хаос не успеа, особено не во Скопје, каде подметнувачите очигледно беа најмногубројни, па се фрлија на памфлет прес-конференции дека слабо оди справувањето. Од СДС забораваат дека сега, за разлика од порано имаме доволен број на возила, авиони и мотивиран персонал, а не Јоцо со Фапот на Заев, од 1975 година. Нема повеќе импровизации, ниту аматеризам. Институциите работат посветено, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Слугата на официјална Софија – Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: ОЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот