(ВИДЕО) Петрушевски: Љупчо Коцевски мора да си оди, ЈО да работи во корист на народот, а не на СДС

Од:

Тоа што нема постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети влијаеле покажува дека Љупчо Коцевски е пулен на СДС. Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, и ако сакаше да покаже дека може и знае да работи, тој ќе поведеше постапка против обвинителот и судијата врз кои Наќе Георгиев и Иџет Мемети извршиле влијание за Боро Марлборо да добие поблага казна, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што Иџет Мемети и Наќе Георгиев завршија со спогодба, а корумпираните судии и обвинители врз кои тие влијаеле останаа да право раздаваат покажува колку Љупчо Коцевски немал идеја што треба да работи, или не сакал. Љупчо Коцевски можеше да го отстрани дивото месо од обвинителството и судството, но тој избра да биде послушник на СДС и да ги штити нивните извршители во правосудството. Љупчо Коцевски нема еден сработен случај, за кој можат граѓаните да кажат дека знаел што работел, напротив има многу случаи во кои не постапил воопшто. Љупчо Коцевски мора да си оди. ЈО да работи во корист на народот, а не на СДС – тврди Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Слугата на официјална Софија – Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: ОЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

(ВИДЕО) Петрушевски: Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Петрушевски: Дака му дал 300.000 евра на Заев за да добие повратна услуга

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот