(ВИДЕО) Петрушевски: Љупчо Дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер

Од:

Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието, да најде пласман и да помогне на 100.000 земјоделци, тој мислел како и каде следно да патува, и колку поскап хотел да плати. Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Се е полесно кога си министер од СДС, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер. Љупчо Дон Николовски за 6 ноќевања во САД потрошил 2850 евра само за хотели. Љупчо Дон Николовски плаќал хотелска соба по 500 евра во Њу Јорк и Вермонт, а 450 евра во Чикаго.

Во Италија во Рим Дон Николовски плаќал 300 евра за хотел од вечер. По примерот на Бисера Антоанета и Дон Николовски се луксузирал во Виена, за две ноќевања со државни пари се платени 670 евра. И кога патувал во соседството, како во Бугарија, Дон Николовски исто патувал луксузно, за хотел во Софија за една ноќ платил 150 евра. Ова се министрите од СДС. Ова е Дон Николовски кој имаше десетици милиони неисплатени субвенции. Заради ова велиме дека државата е ограбена – рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 имаше минус од 80 милиони евра

А1он

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

(ВИДЕО) Петрушевски: Пудлицата и насилникот на Венко Филипче, Димитар Апасиев се активира кога СДС нема аргументи и се во паника

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година