ВИДЕО: Раселените лица од денеска на улица

Од:

По 14 години живеење во студентскиот дом „Стив Наумов“ како раселено лице по конфликтот во 2001-та година, 27-годишниот Васил Петровски го очекува живот во неизвесност. Без родителска грижа и помош од државата, Петровски останува на улица без топол дом и покрив над глава.

Со наредбата на Државниот студентски дом „Скопје“, тој заедно со уште 40-тина раселени лица, кои дел од нив се социјални случаи, денеска им е последен ден да ги спакуваат куферите и да ги напуштат собите во домот „Стив Наумов“, каде многумина од нив формираа и семејства.

– Јас сум тука од 13 години, а исто како да сум бил во дом за деца без родители, само без родителски надзор, самиот сум израснал. Во ниеден момент по 2001-та година, Владата ниту ми понуди вработување, ниту ми понуди решавање на проблемот кој го имам. Имам испратено еден куп барања до министерот за труд и социјала, премиерот Груевски, но секаде добивав одговори во кои ми бараа документ дека сум престојувал во дом за деца без родители. Барам да дојде надлежно лице од Владата, да ја разгледа ситуацијата и да обрати повеќе внимание. Јас од денеска останувам на милост и немилост од страна на управникот. Доколку одлучи да повика полиција, можеби некој ќе се снајде, но да бидеме реални – јас како невработено лице без пари тешко дека ќе успеам во тоа. Ќе побарам засолниште кај другар, а доколку Владата не ми помогне, ми останува да барам азил во друга држава – изјави Петровски.

Како што вели тој, дел од раселените лица ваквата одлука за напуштање на домот ја дочекале вознемирено.

– Дел од нив издржуваат семејства со 10 илјади денари, а некои имаат и добиено и стан од Владата, но нема отпремнина да замине, па треба да спие на подот – објаснува Петровски.

10474168_10203507655868763_514946195_n

Од пријавницата на домот „Стив Наумов“ ни забранија какво било снимање внатре во објектот, доколку претходно сме немале писмено одобрување од директорката на „Државниот студентски центар – Скопје“, Даниела Темелкова.

Би можело да ве интересира

Печурки во студентскиот дом „Стив Наумов”

Емир Латифовиќ