Почна изградбата на Панорамското тркало. Табла со основни информации е поставена во оградениот простор спроти Старо новиот театар, со што и официјално започнуваат градежните работи на овој објект.
Тркалото треба да се издигне на нов мост во реката Вардар, односно помеѓу Камени мост и мостот „Гоце Делчев“.
Инвеститор за негова изградба е Јавното сообраќајно претпријатие, а градежните работи ќе ги извршува скопски „Бетон“.
Височината на Панорамското тркало треба да биде 73 метри со дијаметар од 57 метри, а ќе содржи 30 кабини во форма на гондоли. Вкупната вредност на проектот изнесува над 15.5 милиони евра.
Пред неколку дена, Агенцијата за електорнски комуникации (АЕК) најави дека ќе донира еден милион евра за негова изградба.