А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Огњановски: ГТЦ е претворен во пералница на пари за партијата на Амди Бајрам

by А1он25/11/2016 - 13:4525/11/2016 - 14:52421
Share0

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска беше во посета на Градскиот трговски центар, каде членовите на коалицијата имаа средба со граѓани и сопственици на дуќани. Од ВМРО за Македонија обвинија дека досегашната влада е виновна поради тоа што ГТЦ е претворен во руина.

Добивај вести на вибер

– Она што можеме да го забележиме од нивните изјави е тоа дека некогаш ГТЦ беше место со кое Скопје можеше да се годрее, а сега буквално е претворено во руина поради лошото раководење на трговскиот центар од страна на менаџментот кој е поставен од Владата на РМ, а даден е на Амди Бајрам и неговата фамилија, истакна Марјан Огњановски од коалицијата.

Тие обвинија дека трговскиот центар е претворен во пералница на пари за партијата на Амди Бајрам. Според нив, трговскиот центар е изграден со вредонст од 90 милиони евра, а 82% е продаден на приватни фирми и сопственици, што значи дека државата инкасирала повеќе од 80 милиони евра.
Како што велат од ВМРО за Македонија, сегашната цена на ГТЦ е преполовена и парадоксално е тоа што државата раководи со трговскиот центар иако е спопственик на само 12% од целиот трговски центар.

– Во текот на прошетката низ ГТЦ забележавме дека хигиената е на максимално ниско ниво и покрај тоа што во изминатиот период има вработено повеќе од 100 вработени, од кои 40 се хигиеничари. Ескалаторите не работат, осветлувањето е на многу ниско ниво, нема тоалети, значи овој Градски трговски центар наликува на некој провинциски трговски центар, рече Огњановски.

Коалицијата ВМРО за Македонија вети ако дојдат на власт, ќе донесат современ менаџмент кој што ќе го врати сјајот на ГТЦ и исто така ветија дека ќе им дозволат на сопствениците на локалите да учествуваат во управувањето.

Виктор Јованов

vmro-za-mkd

Би можело да ве интересира

Бошкоски: Ќе иницираме измена на Законот за бранители

Ана Ололовска08/12/2016 - 11:49

Ден Дончев: Егзодусот на младите мора да запре

Ана Ололовска07/12/2016 - 14:1907/12/2016 - 14:19

Ден Дончев: ќе ги преземе сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен

Ана Ололовска06/12/2016 - 15:5806/12/2016 - 15:58

Георгиевски: Наши аргументи се претходната работа и новата програма

Ана Ололовска06/12/2016 - 15:25

ВМРО за Македонија ја поддржува декларацијата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари

Ана Ололовска05/12/2016 - 14:05

Ден Дончев: Ќе и ставиме крај на урбаната мафија!

Ана Ололовска02/12/2016 - 13:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен