Денеска во Прилеп започна акцијата за поткревање на граѓанската свест кај граѓаните под мотото „Ти си ние, Ние сме ти, оддели партиски – активирај се граѓански”.
Активистите на ОДРАЗ делеа флаери и го промовираја граѓанското уѓество во системите на државата, исто така го најавија нивниот проект со наслов „Контра Спин” за кој соработка имаат со донаторите ФООМ.
Меѓу другото активистите најавија дека ќе одат во сите градови низ Македонија и ќе ја поткреваат граѓанската свест кај нашите граѓани исто така ќе им го презентираат Уставот и законите на Р.М акедонија и за да си ги знаат своите права.
Од ОДРАЗ најавија дека се спрема тужбата против додадената моќ од 33% и беше презентирана завршената доброволна акција за повраток на средствата кој бесправно ги наплаќал ЕВН од нашите граѓани.