ВИДЕО: ОДРАЗ ќе ги штити обесправените граѓани

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]
Повеќе иницијативи и здруженија денеска се обединија во Организацијата за демократска реакција- ОДРАЗ, а причината за овој потег според организацијата се притисоците и заканите од власта. Нивната цел како што рекоа е да ги заштитат граѓаните и нивните слободи и права.

„Со јакнење на видливоста, бројноста и силата на непартиските актери во општеството ОДРАЗ се бори против партиските и владините постапки кои претставуваат назадување на демократијата“, рекоа од ОДРАЗ.

Целите на ОДРАЗ се слобода на говор, слободно собирање и здружување, против нарушувањето на тројната поделба на власта, сиромаштијата, како и одбрана на малцинските групи и нарушеното право на слобода на глас и слобода на информирање. Од ОДРАЗ најавија дека тие ќе се ангажираат околу воспоставување на базичните права, и дека нивна препознатлива алатка на делување ќе биде уличната демократија.

Барајќи поддршка од сите политички партии за своите акции велат дека откако беше сторена крупна навреда на демократијата тие со своите акции ќе настапат против сите оние кои го нарушуваат демократскиот амбиент. Посочија дека молкот кој стана синоним на оваа власт треба да се прекине преку дејствувањето на улица. „ОДРАЗ се роди на улица и ќе дејствува таму“, велат од новофрмираната организација.

Претседател на ОДРАЗ е Влатко Ристески, кој досега беше активен во протестите на дуќанџиите во Прилеп.

Од ОДРАЗ кажаа дека и досега поединечно имале притисоци од власта, меѓутоа најавуваат дека сега како обединети нема да потклекнат. Тие најавија дека ќе нудат бесплатна правна помош за сите граѓани кои се обесправени во канцеларија која се наоѓа во бизнис центарот во Прилеп.

Џељо Хоџиќ, активист на АМАН, вели дека освен партиите, невладиниот сектор и граѓанските иницијативи имаат право на формирање на политиките во државата. Токму затоа и ОДРАЗ ќе настојува политичките одлуки да не се носат во тесните партиски кругови.

Новоформираното здружение ОДРАЗ во борбата за поголеми демократски права посочува дека за да се решат сите проблеми граѓаните мора да делуваат заеднички и обединето.

Би можело да ве интересира

ОДРАЗ во Куманово

Емир Латифовиќ

ОДРАЗ на мирен протест ќе бара слобода за Кежаровски

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) ОДРАЗ: Оддели се партиски, активирај се граѓански

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Оддели се партиски, активирај се граѓански

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Повик за бојкот на екстерното тестирање

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Одраз: Власта ги пушти своите герила мајстори да веат СДСМ-овски знамиња!

Емир Латифовиќ