„Одраз“, на прес-конференција укажа дека државата е од народот а не е од некоја политичка партија, законите се прават за да им служат на граѓаните, а не граѓаните да бидат робови на законите. Затоа ќе ги едуцираат граѓаните да ги знаат подобро своите права, ќе пружат бесплатна правна помош на сите обесправени граѓани и приватни стопанственици.
Владаечката гарнитура која, велат, се декларира како
-Народна партија ја прашаа: Како може да не е проблем укинувањето на евтината тарифа на електричната енергија?
-Како може да не е проблем кражбата на 33% на секоја сметка која заедно со данокот изнесува 42 % од нешто не потрошено?
-А дали знаете чии се далноводите,трафостаниците и останатата инфраструктура, наша од граѓаните на Р. Македонија.
-Како може да не е проблем што на иsклучените граѓани од топлификација им се наплаќа за нешто што не користат.
-Казните за приватните стопанственици кои изнесуваат 3250 евра не се големи за вас ,струјата не е скапа затоа што вие немате допир со реалноста вие не знаете како е да се заработат пари реално ви само знаете дека ако немате пари за плата се зема кредит и ќе го враќа друг
Бараат отчет за секој денар потрошени народни пари.
„Да ја вратиме дневната евтина тарифа за да спиеме ноќе.Да прекинете да ги трошите нашите пари без наша контрола и да прекинете да не задолжувате без да не прашате нас граѓаните на Р.Македонија.Како можете да размислувате на продажба на нашата државна компанија ЕЛЕМ.
Таа е од народот од граѓаните на Р.Македонија,таа е наша и нема да дозволиме да ја продадете ќе бидеме жив штит и ќе ја одбраниме од било какво раскрчмување. Кога неправдата станува закон,отпорот е наша должност“, рече Влатко Ристески – Претседател на ОДРАЗ.
Вети дека бидат на улиците низ државата но сега ќе поопремени ,поспремни и побројни.
Контакт за граѓаните
WWW.ODRAZ.MK
[email protected]
тел/факс 389 48 40 09 00
389 78 47 33 04