ВИДЕО: Обвинението е изменето, обвинетите не го добиле обвинението, тврди одбраната за „Пулс“

Од:

Адвокатите на обвинетите во случајот „Пулс“ имаат бројни забелешки на интегрираното обвинеите како и листата на докази кои беа прифатени на претходното рочиште, особено во делот на како што тврдат, промената на временската рамка на извршување на кривичното дело. Како што посочија, неколкумина од адвокатите, во привичниот обвинителен акт временската одредница била од 2005 до 2024 година, додека во интегираното обвинеите, е ставена временска рамка од 2005 до 16.03.2025 година, што според нив е суштинска пормена на обвинителниот акт. Најголем дел од бранителите, се согласија дека се работи за измена на обвинеието, во фаза од постапката во која тоа не е дозволено.

– Вo првобитниот обвинителен акт е опфатено времето од од 2005 до 2024, а сега е наведен дург период 2012 до 16.03.2025. со ова се менува времето како објективен еленент на кривичното дело, а се менува и објективниот идентитет на кривичното дело. Ние ова го истакнавме затоа што еден од обвиниетите е вработен како градежен инспектор 24. фев 2024 година. Во првиот обвинителне акт тој не работен, а сега во прочестиениот текст стои и времето кгоа бил вработен. Беше речено дека е намалена листата на докази, а всушност е проширена со вработени во Општина Кочани, а ние таа листа ја немаме, рече еден од адвокатите.

– Има промени и во точка 5 од обвинението. Овде за првпат се споменува период за сторување на дејствијата, променет е датумот кога лицата ги преземале дејстивијата односно од 16.03 е променети во 15.03 2025. Додаден е дополнителен опис кога бил закажан концертот и првпат е вметнато ново лице во овој дел од обвинеието, Марти Атанасовски кој го активирал приотехниката, поради ова сметаме дека е извршено проширување на обвинеието кое во оваа фаза од постапката не е можно. кај доказите, се доставени докази кои се однесуваат за листата од обезбедување а кои се наведени како нови докази за Александар Нацев, а со оглед дека се поврзани со останатите членови на обезбедувањето, сметаме дека истите треба да ни се достават и според нас треба да се отповика одлукат за прифаќање на интегрираното обвиненеие бидејќи бевме доведени во заблуда дека се враши спојување на неизменето обенение, а според ова што го кажуваме, обвиненеит ое изменето и доплането, а за тоа не се исплнети условите од 393 од ЗКП, рече адвокатот Зоран Зафиров.

– Илајдници материјални докази се поввлечени, а исто така многу нови се предложени, во чија создржина одбраната нема направено обид иако ова беше сторено пред почнувањето на главната расправа, ова со сигурност е смислено од ОЈО бидејќи имале време да ја известат одбраната порано, па останува да бидеме ставени во неарамноправна положба. На претходнто рочиште судот и дозволи на одбраната да достави дополнителни докази, доставуваме дополна на доказите, со предлог на уште девет сведоци, а имајќи го превди фактот дека во претходната листа како сведоци оштетени, очевидци на настанот беа предложени 283 лица, а во новата листа се сведоа на само 35, па одбраната во претходната листа не ги предложи бидејќи се потрепре на можноста за утврдување факти преку вкрстено испитување. Со оглед дека не се дел од листата на ОЈО, сега ги предлага како свои, рече адвокатката Ивана Коцевска која го брани првообинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети.

– ОЈО смета дека воопшто не станува збор за ново обвнение затоа што воопшто не е нарушен ниту објектувниот ниту субјективниот индентитет на обвиненијата по кои е поведена постапката. Не пости можност за течнички измени, но ваквите измени не го менуваат обинителниот акт. Не е сменет описот за суштествените елементи. Во однос на временската рамка, за точка 3, подолу во опоисот е дадено точно и прецизно кој од обинетите за кој периот не постапил спроед закон, посочи обвинителот Борче Јанев.

Адвокатите има забележки и на начинот на кој Обвинителство ги доставило доказите.

– Интегрраната лиса повторно не е средена, на што укажавме и во поднесок доставен на 14.10, односно дека доказите се измешани, ненумерирани и неименувани и на одбраната и е тешко да се снајде и затоа апелирам и барам ОЈО да ги среди, нумерира и менува, а за истото судот да ги задолжи. Доказниот материјал не е нумериран со сосодветна бројка тука е даден редислед на доказитие. сите докази се предадени на одбраната во текот на месец јуни. точно е дека има повторнување на некои докази, но во самите пдф фајлови се означани кои докази се внатри. Од јуни месец мислам дека одбраната имаше доволно време да реагира и да бара уредување, посчи адвокатката Сузна Јошевска Атанасовска.

Дел од адвокатите, забележаа дека и интегрираното обвинеие не било доставено до обвинетите.

Обвинеието е ново, не е прочистен текст. Не е работа на адвокатите да бидат судска достава, па преку нас да се доставува обвинеието. Секој од обвинеите може, а и не мора да се согласи до бранителот. Не можеме најголемата трагедија да ја покриеме со неправда. Токму во името на правото и правдата, правата на обвинетите треба да бидат испочитувани, рече адвокатот Петре Шилегов откако судијата Диана Груевска, објасни дека интегрираното обвинение било доставено до обвинетите предку нивните адвокати.

Би можело да ве интересира

Судот утврди: Нема ново обвинение, судењето за „Пулс“ продолжува

Ново рочиште за „Пулс“: Обвинетите ќе се произнесат дали се виновни или не, а одбраната ќе ги даде воведните зборови

Горан Наумовски

Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“, бараат пратениците од власта

Катерина Ѓуровски

Братот на претседателката на Кривичен останува во куќен протвор, Судот ги одби жалбите на Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Двајца во куќен притвор, за седуммина мерки за претпазливост по вчерашните апсења за „Пулс“

Катерина Ѓуровски