(ВИДЕО) Маричиќ за богатите гозби на државен трошок: Не се согласувам дека тоа е некаков проблем

Од:

„Кристијан Ландов тука ли е? Не е. Ми недостасува, да му кажам, колку бифтеци изедовме“. Ова беше првата реченица на вицепремиерот Бојан Маричиќ откако „А1он“ објави дека месечно трошел скоро колку просечна македонска плата за јадење, а на гозбите имало од бифтеци и јунешки мускули до калифорниски пастрмки и висококвалитетни вина. Иако се понуди да даде одговори, не знаеше со кого бил и каков работен ручек имал кога ја направил сметката од 17 илјади денари во пицерија „Ера“. И за другите новинари беше нелогично како може да се потроши волкава сума во пицерија. Наместо отчетност, Маричиќ арогантно се пофали дека и денеска ручал со другите политичари во Клубот на пратеници и дека за него тоа е нормално, односно секоја гозба додека тој работи, да му ја плаќа државата.

„Сите мои трошења во кабинетот и како министер за правда и сега се транспарентни. Еве јас ќе ве прашам, тука пример имавме можност и да ручаме, и таа сметка може да ја објавиме. Ова беше работна средба, на која седум луѓе ручаа на државна сметка. Ако мислите дека тоа е некаков проблем или вон нормалните рамки, јас со тоа не се согласувам. Седевме три саати, беше работен ручек. Сите сметки кои сте ги објавиле се во рамките на дозволеното законско трошење, колку што е определено за секој министер месечно. И за секоја од тие сметки постои записник, кој бил на тие…“, рече Маричиќ.

На сите прашања поврзани со сметките и јадењето на државна сметка, Маричиќ имаше само еден одговор: „Сите се потрошени за делегации, ќе бидете детално известени“. Иако се потрошиле скоро 300 евра во пицерија, тој не се сети ниту кога било тоа, ниту со кого, ниту каква средба одржал.

„Може ли да ви доставам бидејќи не можам да се сетам? Сите средби се покриени. Со кого сум бил таму каде што барате, не знам, da проверам и ќе ве известиме“, рече Маричиќ на што доби реакција од новинар: „17 илјади денари за пици, а не ви текнува како сте ги потрошиле.. Малку е нелогично. Прашуваме за интенцијата да не се штеди, особено што имаме повици од премиерот цело време да бидеме рационални. Додека вие бевте внатре, колата надвор два и пол часа ви работеше, во место. За да се лади шоферот внатре“.

По ова, Маричиќ одново се обиде да се оправда: „За интенцијата, да ви кажам дека сите трошоци за репрезентација се скратени за 50 отсто и дека максимално рационално се трошат и никогаш не сме излегле од тие рамки. Кога имаме странска делегација.. Ако сакаме да угостиме министри, секако тоа ќе се плати“.

„А1он“ му укажа на Маричиќ дека не се спорат средбите кои ги имал тој како министер, туку средствата потрошени без извештај со кого јадел и каква средба имало. На ова, тој укажа: „Сите се потрошени за делегации, ќе бидете детално известени“. Нејасно е какви делегации частел Маричиќ во мензата на Владата каде преку фактура плаќал и кафе кое чини 10 денари и салата од 20 денари.

Би можело да ве интересира

Татко му на Маричиќ порача „једи *овна ти што прашуваш“, вицепремиерот се огради и извини

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Кога Маричиќ се црвенее и манипулира пред евроамбасадорот Гир за бифтеците на државна сметка

На Маричиќ му е гајле за ЕУ, транспарентноста и законите, кога треба да ги сокрие сметките за „гага кркање“ по кафеани

Кристијан Ландов

Вети и се сокри: Маричиќ ги опишува вкусовите на македонската храна, додека одбива да каже што јадел со државни пари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ бара Тупанчески да го оправда со кого ги јадел бифтеците платени од државна сметка

Кристијан Ландов

Кој манипулира: За да ја намали сумата, Маричиќ си пресмета дека со државни пари јадел 365 дена во годината

Кристијан Ландов