(ВИДЕО) Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг влегува како апсолутен фаворит, очекуваме огромна победа. По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека „сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, од коишто во првиот круг имаме убедлива победа во дури 20 општини и градот Скопје, а во останатите 6 сме многу блиску со победа или незначителна разлика од десетици гласови во однос на опонентот“.

„Оваа поддршка се должи на чесноста, работата, посветеноста и транспарентноста. Се должи на многу ветувања на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираа изминативе 4 години. 4 години сме без скандали, без местени тендери, без афери, без индиции или сомнежи за корупција или криминал. Затоа, ги повикуваме граѓаните на 2 ноември, масовно да излезат и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да го заокружат бројот 9, да го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“ порача Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Жерновски и Филипче се симбол на неуспех, предавства и скандали

(ВИДЕО) Манасиевски: Тренчевска – новото лице на Филипче, стариот кадар на Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

(ВИДЕО) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи

(ВИДЕО) Манасиевски: Првиот стожер од стратегијата Македонија 2030 е државната безбедност и стабилноста

Горан Наумовски