(ВИДЕО) Костова: Не сметам дека е завршен мојот случај, работите за комисијата на Аџиев мора да излезат на чистина

Од:

Уредникот на Фокус, Јадранка Костова, по поништувањето на решението за нејзина лустрација од страна на Управниот суд најави битка до крај со Комисијата на Томе Аџиев. Таа вели дека оваа одлука на судот е сатисфакција за неа, но не ги брише последиците од решението кои морала да ги претрпи.

-Јас уште пред 4 години јавно изјавив дека Лустрациската комисија се претвори во уште една алатка на оваа власт за справување со критичарите. Тоа се потврди со мојот случај, особено со еден апсурден документ кој беше изваден дополнително, во кој мојата наводна “жртва“ од МТВ, телефонски разговара со човек од државната безбедност и во тој разговор од неколку страници што е симнат мојата “жртва“ всушност ме кодоши мене.

За да извадите таков документ за моја лустрација , треба ептем да сте забегале. Но, проблемот на еден ваков режим во Македонија, во груевизмот, е што на фановите на владеачката партија им е доволно некој да ве прогласи од нивните фанови за било што-за убиец, за крадец, за дилер или кодош и тоа се прима како дефинитивна работа. Од тука одлуката на Управниот суд е некаква сатисфакција, таа значи дека се поништува решението за моја лустрација и дека не произведува никакви правни последици. Но оваа пресуда не може да ги избрише другите последици од решението на Комисијата што ја предводи Томе Аџиев, вели Јадранка Костова.

Мојот случај не е инцидент, има повеќе случаи каде што навистина се гледа дека лустрацијата е по нарачка, тоа го слушавме и од “бомбите“. За жал или среќа, не знам како да кажам, престана процесот на лустрација, фактот дека одлуката за мене е поништена значи дека не може да се занимаваат повеќе со мене. Иначе во други случаи, кога жртвите на Комисијата на Аџиев бараа правда пред Управниот суд, Комисјјата за лустрација повторно си ги носеше истите одлуки, што говори како си тераат пат по кој ги добиле инструкциите.

Еден ден сериозно треба да се анализира работата на Комисијата за лустрација, да се види каде, колку и зошто некој ја злоупотребувал позицијата. Особено парадоксот, јас лично бев заговорник на на почетокот за процесот за лустрација, но ние добивме Комисија за лустрација која за привилегии, пари, функции, беспоговорно, без факти уништуваше и жигосуваше луѓе. За да не се повтори ова, работата на комисијата треба да се стави под лупа. Јас не сметам дека е завршен мојот случај, и ќе преземам се што е потребно да ги истерам работите на чистина, вели Костова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нов Клинички центар во Скопје нема, но затоа има целосен хаос во здравството

А1он