Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа. Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола, изјави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.
https://www.youtube.com/shorts/xwOTy_ZJZ1k
-Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања. Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања. Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат.
Јас не ветувам, јас покажувам. Сè што сум кажал – сум реализирал. Другите нека објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните. Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика. Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните. Да го одбраниме Карпош. Да го зачуваме достоинството, рече Јакимовски.