ВИДЕО: Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица

Од:

Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица “Отовица”.

Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Голем пожар во атарот на Дебрешта, ќе интервенираат трите Ер Трактори

Изгаснат пожарот во Скопско помеѓу селата Ајватовци, Грушино и Бучинци

Локализиран пожарот над Отовица, кај Бучинци вклучени авиони на ДЗС