(ВИДЕО) Новите барокни фасади – одгоре мазно, одоздола крш

Од:

На улицата „Никола Вапцаров“ што води од плоштадот кон улицата „Димитрија Чуповски“можат да се видат новите барокни фасади кои ги правеше Град Скопје.

Фасадите се дел од проектот на Град Скопје за реконструкција на 15 објекти во строгиот центар на градот. Некои од нив веќе добија фасади во „барок“ или неокласичен стил.

Но, откако се тргнаа скелињата може да се види дека страничните ѕидови на зградите не се ни допрени и нивната дотраеност уште повеќе придонесува на грдата слика.

Исто е и со поткровните простории на зградите, кои се оставени ламарини и со црвени ќерамиди и изгледаат сосема неспоиво со „барокната“ фасада на предниот дел од зградата.

Дел од овој проект за барокни фасади на Град Скопје се зградите на „Пелагонија“, „Стар Метропол“, и редица станбени објекти на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрија Чуповски“.

Реконструкцијата на фасадите на зградите во центарот на Град Скопје почна минатата година и треба да трае три години.
За оваа намена од буџетот за 2014 на Град Скопје беа предвидени близу 2,3 милиони евра, во 2015 година околу два милиони евра, а во 2016 за фасадите се предвидени 2,1 милиона евра.

Би можело да ве интересира

Дел од фасадите во Струга насликани со мурали