(ВИДЕО) Цветановски: Не знаев за апсењата за крвавиот четврток

Од:

„Јас како виш јавен обвинител не знаев дека има апсења за настаните од 27 април“, изјави обвинителот Јован Цветановски на конференцијата „Известување на медиумите за судските постапки“. Заменикот на обвинителката Гордана Гешковска, која беше надлежна за предметите од крвавиот четврток, на прашање на новинарите дека Обвинителството е премногу затворено и дека јавноста мора преку други канали да ги дознава информациите, тој одговори дека се сложува оти мора да се направат напори Обвинителството да биде потранспарентно кон јавноста.

Цветановски, не одговори на новинарско прашање до каде е кривичната пријава против него во случајот „Јустиција“, за прекршување на правата на тогашните обвинети судии. Тој го водеше предметот за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, како и во предметот за аферата со фалсификувани лични карти поврзана со Захир Бекири Чауш. Тогаш Чауш тврдеше дека обвинителот Цветановски му се заканувал дека доколку не каже дека УСБ-то (со снимени прислушувани разговори) му го дале Зоран Заев и Зоран Верушевски ќе му ја затворат целата фамилија.

В. Маглешов