(ВИДЕО) Чавков: Два часа собирав полицајци да интервенираат во Собрание

Од:

Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност во вестите на Сител ја разоткри енигмата каде бил и што правел цели два часа во четвртокот, додека министерот Агим Нухиу му вртел на телефон за да итервенира и да ги спаси пратениците, медиумските работници и службите во Собранието.

„До 18 часот, 32 припадници на БЈБ беа таму, и беше зеднички констатирано дека нема опасност за нарушување на јавниот ред и мир. Јас немав сознанија дека се можни инциденти . Кога се обидувал да ме добие на телефон министерот, јас комуницирав со сите колеги да дојдат на работа, а Нухиу дојде 40 минути пред мене, јас интензивно до тогаш работев. Во 20 часот и 8 минути дојдов во Штабот и почнуваат моите наредби во Штабот за ангажирање на кордон за извлекување на пратениците и на сите внатре“, рече Чавков.

Според ова сведочење на Чавков, полициските сили кои се под негова команда не можеле да интервенираат цели два часа.

Во петокот пак, Чавков изјави: „Имаше обид полицијата да го спречи влезот на иритираната и разгневена маса, но употребата на сила во тие услови можеше да значи десетици жртви. Полицијата отпочна со примена на сила, веднаш откако добивме информации дека е неопходна интервенција затоа што во Собранието е загрозена безбедноста на луѓето внатре и во моментот кога дополнително ги зајакнавме силите со кои проценивме дека може да спроведеме брза и енергична акција за евакуација на присутните пратеници и повредени лица“.

Чавков не бил подготвен за ваков инцидент зошто како што рече, 59 дена немало ниту еден инцидент. Сепак на овие протести имаше инциденти кога беа претепани новинари и во неколку наврати напаѓани медиумски екипи.

Чавков одби да одговори дали дел од маскираните напаѓачи се припадници на полицијата и рече дека тоа се испитува.
Вината ја префрла на министерот Агим Нухиу, кој, според негови сознанија знаел дека се очекува инцидент а не го известил.

Според СДСМ, целата одговорност за нападот е кај Чавков, Ѓорге Иванов и Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Чавков му служел на Груевски за време на насилството во Парламентот и ќе одговара

Наум Локоски