ВИДЕО: Браво за обвинителите, на адвокатите треба да им е срам, порачаа родителите на загинатите во „Пулс“

Од:

Нашите деца отидоа на концерт, а ни ги убија, велат родителите на дел од жртвите во кочанската дискотека „Пулс“ по првото рочиште од судскиот порцес кој почна денеска.

Тие се задоволни од Обвинителството, а имат забелешки за адвокатите на обвинетите за кои велат дека со тактики за одолговлекување повторно ги убиваат нивните деца, а со тоа и нив.

-Ние сме сите од скромни семејства, со минимални приходи успеавме да изгледаме добри деца, паметни, културни, учени, воспитани. мојот син беше успешен млад човек, програмер, задоволен беше што застана на свои нозе, порача мајката на Андреј Стојанов.

Семејствата низ солзи го слушаа воведниот збор на обвинителот Јанев, а на крајот го поздравија и со аплауз.

– Не ни се допаѓаат постапките на адвокатите, добивме малку сила од обвинителите, но бранителите да се запрашаат како ќе ги бранат овие обвинети, велат дел од родителите.

Во судницата во „Идризво“, денеска се одржа првата расправа за оваа трагедија. Со оглед на бројноста на обвинетите, и потребната процедура, на првиот ден имаше само воведен збор на Обвинителството.

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал вода и не ја истурил“, изјави обвинителот Борче Јанев во воведниот збор на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на серија институционални пропусти и неодговорност.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Судењето за „Пулс“ одложено, обвинителката Андонова вели – постапките продолжуваат без застој

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“