[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]На конференција за друштвени медиуми и активизам ENGAGE, организирана од МОФ и Радио МОФ, поддржана од ФООМ се бараа одговори како да се подобри општеството преку онлајн и офлајн активизам, можноста за граѓанска мобилизација преку интернетнет, слободата на изразување и уривање на сите препреки за таа да се спречи.
Борис Триван творец на онлјајн ликот на убиената партизанка „Покојна Милева“ кој се појави пред две години на Твитер само поради интерна шега се претстави на Конференција за друштвени медиуми и активизам која се одржува во Младинскиот културан центар во Скопје.
Не планирав и не очекував ништо, но после првото појавување на Покојна Милева медиумите почнаа да ги пренесуваат ставовите кои се однесуваа на сериозни општествевни промени. Тогаш почнав да си играм со тоа, па сфатив дека таа е една мертва партизнака, морална, вечно правична, која се дружи со Витни хјустон и Еми Вајнхаус. Тогаш сфатив дека можам да создадам се, зашто се проаѓаше во јавноста. Тогаш почнав да смислувам засебни ентитети, почна да добива и политички контекст. Тој како значајна ја посочи расправата со официјален профил на американската амбасада во Белград.
Покојна Милева како оригинален концепт е првиот онлјан лик кој помина во печатените медиуми и се пренесуваа нејзини изјави, а Триван има договор со портали за пишување на сите актулени теми во српското општество. Милева го карикира опшеството и сите негови мани.