(ВИДЕО) Алексов: Члeновите на ДИК го третираат избирачкиот список, а тие не се експерти за статистика

Од:

Дарко Алексов од Граѓанската организација МОСТ говорејќи за “Избори и изборен систем“ на конференција на која беше презентиран “Предлогот за итни демократски реформи“ кажа дека најпрво се потребни реформи, а потоа одредување датум и одржување избори.

Тој го презентираше делот на изборите и се осврна на четири главни поенти-продолжување со рефрмите на ДИК, прочистување на избирачкиот список, обезбедување на одвоеност на државата од политичките партии и намалување на слабостите на избирачкиот процес.

Според Алексов, исклучително и негативно е влијанието на политичките партии во дејствувањето на ДИК.

-Се обидовме со вметнување тројца експерти, ама испадна дека не се доволни, а тоа е зашто немаме одвоеност на процесите, односно процесот на одлучување од процесот на секојдневно работење. Сега имаме девет члена кои се се и сешто. Оние што одлучуваат, потоа истите имплементираат, како потоа истите ќе најдат некоја маана во делот на имплементацијата? Тоа е невозможно, тоа е класичен конфликт, рече Алексов.

Члeновите на ДИК го третираат избирачкиот список, а тие не се експерти за статистика и математика, тие се избираат од редот на правниците во Собранието, рече Алексов. За надминување на проблемот тој предлага генерален секретар кој ќе биде избиран со двотретинско мнозинство во Собранието.

Избирачкиот список според Алексов не е транспрентен и инклузивен.

-Најголема штета беше направена во довербата на јавноста во избирачкиот список, со тоа што бројките кои излегоа не и беа објаснети на јавноста, посебно оние спорните 330.000 кои произлегоа од вкрстените проверки, рече Алексов.
Тој предложи и дебата за изборниот модел.

Би можело да ве интересира

Алексов: Вклучените во изборниот процес да ги почитуваат стандардите и протоколите за заштита на здравјето на граѓаните

А1он