Полицијата извести дека вчера во 10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Московска“ непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Љ.Г., констатирани во градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.