Велковски: Дивата депонија е главен фактор за загаденоста на Тетово

Од:

Носителот на листата за пратеници во Шестата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ Зоран Велковски денеска на прес-конференција пред Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово зборуваше за загадувањето бидејќи, според него, Тетово е најзагадениот град во Европа и еден од најзагадените во светот.

Велковски рече доколку ја освојот власта имаат повеќе мерки за справување со овој проблем од кој е висок процентот на заболени од рак, смртност кај новороденчињата и деца родени со деформитет. Според него, главниот фактор за загадувањето е дивата депонија на влез во Тетово.

– Илјада семејства во Јегуновце оставија без леб наводно поради загадувањето, а никој не го спомнува главниот фактор за загадувањето а тоа е дивата депонија на влез во Тетово, во близина на „Жито полог“ што, пак, снабдува половина западна Македонија со леб и е во непосредна близина на најголемиот извор на канцер во Македонија. Сметот се уште не се собира, туку се става на купче и се потпалува и од чадот што може да биде канцероген се труе цело Тетово. Веднаш по промената на власта по 11 декември ќе аргажираме меѓународни експерти за спроведување програма за намалување на загадувањето и со кои веќе стапивме во контакт. Филтрите во фабриката во Јегуновце ќе бидат поставени и луѓето ќе се вратат на работа, изјави Велковски.

Би можело да ве интересира

Бошкоски: Ќе иницираме измена на Законот за бранители

Ана Ололовска

Ден Дончев: Егзодусот на младите мора да запре

Ана Ололовска

Ден Дончев: ќе ги преземе сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен

Ана Ололовска

Георгиевски: Наши аргументи се претходната работа и новата програма

Ана Ололовска

ВМРО за Македонија ја поддржува декларацијата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари

Ана Ололовска

Ден Дончев: Ќе и ставиме крај на урбаната мафија!

Ана Ололовска