Вељаноски: Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод одбележувањето на 110. годишнината на Илинден, пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто во Скопје, во својот говор истакна дека сакаме да бидеме дел од Европската унија и НАТО и сите реформи и напори ги насочивме во тој правец.

„Отстапувањето пред предизвиците не е дел од нашиот ген. Не е во нашата крв која сите минати маки и потешкотии ја направиле дотолку посилна, дотолку поотпорна! Во историјата сме имале бројни непријатели, силни навидум непобедливи империи, но никогаш не сме отстапиле, никогаш не сме се поколебале. Ние како народ точно знаеме каде одиме, кои вредности ги споделуваме и каде природно припаѓаме. Тоа многу пати сме го кажале и покажале и ако треба уште толку пати ќе повториме. Без самопочитта вредноста на секое остварување е значително намалена, рече Вељаноски. Ќе продолжиме, додаде, по правецот кој сме го зацртале, но без притоа да заборавиме дека Македонија е една и неделива. – Ние не сме без идентитет, семе без корен, куќа без темел, рече Вељаноски.

Илинден, рече, е темелот на нашата државност и самобитност! Илинден е гранитното сведоштво за влогот на генерациите пред нас! Илинден е мотив за акција! Илинден е посакуваната енергија!

„Да го сочуваме тоа што го имаме! Денес се соочуваме и со предизвици со кои се проблематизираат државните и националните обележја, традицијата, корените. Но, знам дека и оваа тешка и непринципиелна битка ќе ја добиеме. Денес, сите ние заедно, имаме голема задача да се избориме за подобар свет за нашите деца, внуци, за идните генерации Македонци“, рече претседателот на Собранието.

Вељаноски истакна дека продолжува битката за подобра иднина, за повеќе работни места и инвестиции, болници и училишта, за подобар стандард. Овие битки на свој начин се тешки, но, нагласи, ќе победиме, бидејќи се работи за Македонија, за нашите деца, баби и дедовци, мајки и татковци, за сите нас.

Би можело да ве интересира

Денот на Републиката 2 Август неработен за сите граѓани

Горан Наумовски

2.Aвгуст е неработен ден за сите граѓани на Македонија

САД го честитаа празникот Илинден

Ана Ололовска

Реафирмирани вредностите на двата Илиндена, одбележувањето без масовни собири

Ана Ололовска

„Победа за сите“ – заеднички лајтмотив на чествувањата во Крушево, Пелинце и Скопје

Ана Ололовска

Денот на Републиката неработен за сите граѓани

Ана Ололовска