Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

Од:

Велешанец при собирање печурки почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.

– Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј. од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Би можело да ве интересира

Иран разви прв хиперсоничен балистички проектил

А1он

Балистичка ракета се урна во Јужна Кореја

Осум лица во Србија се во тешка состојба поради труење со печурки што го купиле на пазар

Истражување: Печурките го забавуваат стареењето

Ана Ололовска