Ванхауте: Албанци, не учествувајте повторно во Влада каде што сте целосно маргинализирани!

Од:

Питер Ванхауте, олеснувачот во преговорите во Пржинскиот договор во текст со наслов: „Кој е вистинскиот победник на изборите?” им се обрати на партиите на Албанците во земјава до кои упатува порака да не учествуваат повторно во Влада каде што целосно ќе бидат маргинализирани.

-Честитки до сите граѓани кои гласаа за промени. Да, вие имавте храброст да се исправите и да го изберете она што е вредно за сите нас: вистинска демократија, која не е расипана со корупција, со неправилни именувања, со атмосфера на страв.

Да признаеме: Како резултат на овие избори, вашата земја заслужува нов почеток со нова Влада и нови лица.
Оние кои мислат дека можат да продолжат по авторитарниот пат, не се во право. Вие, тивкото мнозинство, покажавте дека се грижите за иднината на вашата земја, со вашиот глас, покажавте дека сакате да живеете во слобода во просперитетна земја, со иднина – за вас и вашите деца.

Топката сега е во кампот на албанската заедница: тие ќе одлучуваат за она што ќе се случи следно.

За Албанците, јас би сакал да го кажам следново:

-Не го губете времето повеќе. Не учествувајте повторно во владата, каде што сте целосно маргинализирани. Да, сте имале некои министри, па дури и заменик-премиер.Но, за сите важни одлуки, вие бевте отфрлени од страна на вашиот коалиционен партнер. Каде се економските инвестиции во вашиот дел од земјата? Што е со инфраструктурата, за училишта, болници, патишта? Време е за промени, време е да застанете за вашите права како заедница, време е да се почне да се работи повторно на интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ова се однесува на вашата иднина. За прв пат, вашиот глас е одлучувачки за сите граѓани кои живеат во оваа земја”, напиша Ванхауте.

Би можело да ве интересира

Средба Заев-Ван Хојте-претставници на ЗНМ: Определеноста на Владата кон медиумски реформи е важен чекор за евроинтеграциите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петровски до Ван Хојте: Белгија уби 10 милиони луѓе во Конго, да не ве видиме повеќе во Македонија

Ана Ололовска