Ване Цветанов незаконски трошел државни пари додека беше владин функционер

Од:

Ване Цветанов кој беше В.Д. претседател на тело основано од Владата на Македонија заработи кривична пријава од полицијата. МВР го сомничи дека ја оштетил државната каса за 75.722 евра.

Според МВР, во 2021 година, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 36.954 евра, набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка.

Во 2022 година тврди МВР, Цветанов продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 7.000 евра за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото.

Цветанов, тврди полицијата, ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија, па без претходна Одлука за потреба од ангажирање на надворешно лице донесена од страна на Советот на телото, последователно склучил три Договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице.

Овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци биле исплатени 1.525 евра.

Цветанот незаконски склучил и 18 договори за ангажирање на надворешни лица по разни основи, оштетувајќи ја државната каса за 29.321 еврa.

Тој, се вели во полицискиот извештај, без претходно донесена Одлука набавил апликативен софтвер од правно лице иако веќе имало склучено Договор со друг правен субјект кој договор бил во важност со што предизвикал штета од 921 евра.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Ване Цветанов со писмо од Шутка, апелира за здравствен преглед

Емир Латифовиќ