Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето претпладнево ќе биде облачно со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и суво.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени