По вчерашното распуштање на Собранието, партијата Унитети соопшти дека нема да учествува на изборите на 5 јуни.
„По одлуката на парламентарното мнозинство за распуштање на Собранието и за одржување на парламентарни избори на 5-ти јуни без да бидат реализирани клучните прашања на Договорот од Пржино: исчистен избирачки список, реформи во медиумите и подeлба на партијата од државата, партијата Унитети јасно изјавува дека нема да учествува на такви избори со што би легитимирала украдени избори од страна на партиите на власт. Овој став партијата го донесе и на Првиот свој Конгрес.
Унитети ќе инсистира да со помош на меѓународниот фактор како и на секој домашен субјект кој има за цел враќање на демократијата во нашата земја, да се создадат потребни услови за одржување на избори во кои гласачкото право на граѓанинот е неповредливо и правосилно.“, се наведува во соопштението на партијата
