Умерено облачно време со температури до 26 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 20 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Во недела и во понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен, особено во западните делови од земјата. Потоа во наредните денови ќе продолжи периодот на умерено облачно и стабилно време со температури околу, а на некои места и над просекот за овој период од годината.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе

Денеска ќе гори, температурата до 41 степен

Mногу топло, попладне изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Најмногу дожд во Маврови Анови, најмалку во Скопје

Облачно со дожд и ветер

Променливо облачно со повремен дожд