Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица

Од:

Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеа на отстранување на паднатите дрвја.

На останатите патишта низ државата, според утринските информации на Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Би можело да ве интересира

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки

Укината забраната за камиони на Плетвар

Снег ќе врне и денеска и утре, забрани и предупредувања има за неколку правци

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка

Укината забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

ВИДЕО: Снег ќе врне и денеска, забрани за камиони на повеќе патни правци