Ученици од Македонија повредени во земјотресот во Турција

Од:

„Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и Менторот не е во животна опасност, соопшти денеска МНР.

„Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции. Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, извести МНР.

Би можело да ве интересира

Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Горан Наумовски

Земјотрес во Турција

Максути: Тимови за заштита и составени од 40 лица се упатија во реонот погоден од земјотресот во Турција

ОН: Земјотресот во Турција е најсилниот од 1939 година

Евакуирани се македонските државјани кои беа во загрозените подрачја во Турција

Горан Наумовски