Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Ј.В.(39), Е.Р.(30), С.М.(39) и 17-годишник од Скопје, Р.М.(24) од Битола, 42-годишната Џ.В. и Љ.Р.(64) од демирхисарско, 18-годишната М.А. и Ј.Д.(22) од Прилеп и Ј.С.(36) од кочанско.

Исто така, лишен од слобода е и М.К.(40) од Македонски Брод бидејќи возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Берово – почина 83 годишник

А1он

Скопјанка (46) пронајдена почината во стан во Кисела Вода

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Уапсени се 10 пијани возачи – меѓу нив и две жени

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он