Уапсени четворица крадци, полицијата расчисти 26 кривични дела

Од:

МВР информира дека во Валандово и Струмица уапсени се М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба“, шест кривични дела „одземање моторно возило“ и 18 „кражби“.

На подрачјето на Радовиш уапсен е А.А.(26) од Радовиш, кој се сомничи дека во февруари и јули 2025 година во Радовиш и радовишкото село Раклиш извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“.

Исто така, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го уапсија Г.А.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во претходниот период во Струмица извршил пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и едно кривично дело „кражба“.

Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он