Уапсен велешанец, возеше со 1,74 промили алкохол во крвта

Од:

На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот К.С. од Велес.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Уапсени се пијани возачи – „рекордерот“ е од Велес, го фатија со 2,6 промили алкохол во крвта

А1он

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Уапсен е кавадарчанец – возеше со 1,98 промили алкохол во крвта

А1он

Ресенчанец возеше со 2,78 промили алкохол во крвта

А1он

Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Горан Наумовски