Уапсен криминалец баран со потерници

Од:

На 7.10.2022 околу 19.20 часот на подрачјето на Гази Баба од страна на полициски службеници од Отсекот за потрага по цел-Оделение за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, по преземени мерки и активности, беше лишен од слобода А.А.(33) од Скопје.

За него била распишана централна потерница од КПУ Затвор Идризово со која се барал за доиздржување на затворска казна во времетраење од 2 години 7 месеци и 26 дена, како и два централни расписи поради основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 и чл. 235 од Кривичниот законик.

Лицето беше спроведено во КПУ затвор „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Полицијата уапси 35-годишен криминалец од Гостивар

Зградата во Берлин каде беше уапсена Даниела Клет попладнево е евакуирана поради можна бомба

(ВИДЕО) Пукање во Сплит, ранет е криминалец, напаѓачот е во бегство

Горан Наумовски

Приведен крадец за издржување казна затвор од 18 месеци

Приведен кумановец за издржување на вкупно 6 години и 9 месеци затворска казна