Уапсен е возач во Гостивар – со швајцарско „бмв” усмрти млад мотоциклист

Од:

МВР информира дека рано утринава во 01.40 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул. „Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с. Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он