Уапсен е тетовец – бараше пари од екс партнерката за да не објави експлицитни снимки

Од:

Полицијата приведе 48-годишен жител на село Долно Седларце, тетовско, по пријава од жена од Тетово дека неовластено се споделувани и објавувани нејзини приватни фотографии и видеозаписи со експлицитна содржина.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека З.Ѓ. е осомничен за кривично дело по член 152-а во врска со член 24 од Кривичниот законик.

Според пријавата, фотографиите и видеозаписите потекнуваат од периодот кога жената и осомничениот беа во врска. Во текот на изминатите две години, З.Ѓ. наводно во повеќе наврати бараше од поранешната партнерка да му даде пари, со закана дека во спротивно ќе ги објави снимките.

Во рамки на истрагата, полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Тетово изврши претрес во домот на осомничениот, со судска наредба. Притоа биле пронајдени и одземени мобилен телефон и лаптоп компјутер.

МВР соопшти дека З.Ѓ. е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он