Уапсен е радовишанец кој подметна пожар во зграда

Од:

Полициска патрола го уапси Б.Ѓ.(57) од Радовиш, кој се сомничи дека околу 5.40 часот подметна пожар во станбена зграда лоцирана на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, во кој биле опожарени влезни врати од осум станови, ходниците и една разводна табла за електрична енергија.

По интервенција на територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, повредени лица нема, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

При лишувањето од слобода кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, а такви предмети биле пронајдени и во неговиот дом. Истиот бил задржан во полициска станица во Радовиш и со него бил извршен службен разговор при што го признал делото.

За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси маж поради предизвикување пожар

Пироман запалил сува трева во расадник во Кисела Вода

Татко и неговите синови намерно палеле шума и сува трева кај Патишка Река

МВР уапсиле велешанец кој предизвикал голем пожар

МВР: Уапсен е маж кој подметнувал пожари

Момче од Скопје и негов пријател запалиле кафе бар во Охрид

Горан Наумовски