Уапсен е крадец во Скопје, од стан украл 250 евра и несесер со накит

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешка кражба од член 236 став 1 и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 став 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго лице кое се уште не е идентификувано, со провалување во затворени простории одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Откако претходно осомничениот направил лажни клучеви за отворање врати, заедно со соизвршителот насилно делувале на бравата од влезната врата на стан на улицата „Даме Груев”.

Штом отклучиле, влегле во станот, извршиле претурање и пребарување и одзеле 250 евра во разни апоени, како едно сребрено ташниче – несесер со накит, па го напуштиле местото на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност од бегство.

Би можело да ве интересира

Уапсени се двајца скопјани – полицајците им ги земаа пиштолите

А1он

Исчезна 15 годишно девојче од Куманово

А1он

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Тешко повредена пензионерка во маркет во Аеродром – ја турна непознато лице

А1он

Полицијата во Карпош уапси крадец на велосипеди

А1он

Возач излета од патот кај Трубарево, па заврши со „мерцедесот“ во двор – двајца се повредени

А1он