Уапсен е Косовец на автопат кај Гевгелија – возел над 200 км/ч

Од:

МВР информира дека синоќа во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.

Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он